English VersionМакедонска верзија

дома | галерија | изработка | контакт | порачки

Процес на изработка

Галерија
Пирографска изработка, Пирографичар Ванчо Јовановски

За да се добие квалитетно пирографско дело не е доволна само техничката способност, потребно е и уметничка визија за делото кое се изработува. Нивната комбинација се одвива во пет фази:

Секоја фаза е детално опишана во текстот подолу. За да стигнете до определена фаза кликнете на некоја од петте наброени фази. Секоја од фазите освен компјутерската подготовка се изработува рачно, со што вредноста на едно пирографско дело се зголемува и се одикува со уникатност.

Подготовка на дрвото

Подготовката на дрвото ја зазема првата фаза во пирографската изработка. Дрвото внимателно се одбира, тоа не смее да биде оштетено и да нема значително изразени шари и годови. На однапред дефинирани димензии и форми, дрвото се обработува на столар. Во зависност од формата на дрвото се одбираат различни сотларски машини со кои се постигнува бараниот ефект. Најупотребувани дрва се орев, даб, бука, топола, костен, евла и други. Пирографското дело најдобро се изведува на фурниран медијапан. Фурнирот може да биде од различни дрва, најчесто користен е дабовиот фурнир поради неговата светла боја и неприметните годови.

Компјутерска подготовка

Откако дрвото е соодветно одбрано и обработено настапува компјутерската подготовка. Компјутерската подготовка има улога само да ги прикаже точните контури кои се печатат на хартија а потоа со индиго се нанесуваат на дрвото. Оваа фаза е значително важна за прецизноста и компексноста на делото кое ќе се изработува. Вметнувањето на оваа етапа во една од петте фази на изработка на едно пирографско дело овозможува да се изработат секакви мотиви, портрети и се што клиентот го побарува, само треба да се приложи слика на која има икона, симбол, портрет, лого од фудбалски тим, се што клиентот сака да биде изработено низ пирографската уметност. На основа на таа слика се изготвува димензија по ваша желба (независно од тоа колкава слика клиентот ќе приложи)

Нанесување на основни контури

Третата фаза следува по печатењето на скицата добиена по компјутерската обработка. Со индиго се копираат само основните контури на дрвото. По копирањето следи детална проверка на случајно испуштените контури. Геометриски форми се нанесуваат со помош на прецизни гометриски инструменти за да се долови прецизноста (ако делото го побарува тоа).

Горење на дрвото

Четвртата фаза е вистинската уметност. Со пирографски апарат кој развива температура и до 700 целзиусови степени се гори внимателно по основните контури. По горењето на основните контури трагите од индигото комплетно исчезнуваат. Потоа повторно со горење се нанесуваат сите сенки и останати детали од сликата со цел да се добие вистинското дело. Со сенките, 2Д ефектот кој е природно наложен од рамната површина на дрвото, површински исчезнува (преминува во 3Д ефект) во една хармонична глетка. При горењето нема место за грешка, грешките направени при горењето се екстремно тешки за поправање а во некои случаии се неисправливи. Поради високата температура на пирографот кој го гори дрвото се формираат темни вдлабнатини кои ја прават пирографијата да биде трајна и неизбришлива. Се додека трае дрвото ќе трае и делото изработено на него. Некои пирографски слики се изработени како комбинација на горење со пирограф а потоа и нанесување на боја. Бојата се нанесува рачно а по извршената заштита на дрвото таа е неизбришлива. Бојата најчесто се употребува при изработка на саати, мали грбови, во зависност од побарувањето на клиентот.

Заштита на дрвото

Откако ќе се комплетираат четирите фази, акцентот го добива заштитата. За едно пирографско дело да има трајна вредност мора да се преземат мерки за негова заштита. Тоа се овозможува со нанесување на двоен но тенок слој од лак на предната и задната површина на дрвото. Со оваа дрвото е заштитено од влажност, сончеви зраци, инсекти кои го напаѓаат и слично.

најгоре | дома | галерија | изработка | контакт | порачки | корисни линкови

телефон +389 70 675702   info@pirografija.com

gucci bagsfendi bagstimberland mens bootskobe zoomprada handbagsair max 2009leather handbagsasics sports shoes louboutin shoes salembt shoes sale